Вардарки стигнаа до својата седма последоватгелна победа во најголемото ракометно натпреварување, а прва во главната рунда. Во С.Ц. Јане Сандански беше совладан тимот на Мец (29:23) кој го оставивме на второто место на табелата во нашата група. Голманката на црвено-црните. Амандин Лејно повторно беше на висина на задачаа, забележувајќи двоцифрен број на одбранети удари кон нејзиниот гол. Една од нив се најде во ТОП-5 најдобри интервенции на колото во ЛШ.
Линкот од видеото со најдобрите три ѕвезди на колото во ЛШ, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.