Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Драгана Цвијиќ во трите најдобри ѕвезди на колото во ЛШ
(ВИДЕО) Драгана Цвијиќ во трите најдобри ѕвезди на колото во ЛШ

(ВИДЕО) Драгана Цвијиќ во трите најдобри ѕвезди на колото во ЛШ

Вардар имаше убедливо издание на отварањето на главната рунда од Лигата на Шампионите, совладувајќи го на домашен терен тимот на Мец. Триуфиравме со резултат од 29:23 и на тој начин се зацврстивме на првото место на табелата. Најефикасна во дуелот со Мец, беше Драгана Цвијиќ која постигна седум голови. Токму репрезентативката на Србија се најде во една од трите ѕвезди на колото во ЛШ. Цвијиќ повторно одигра одличен натпревар и беше незадржлива на својата пикерска позиција а играше паралелно и во одбраната. Несомнено се работи за големо засилување, кое треба да ги понесе вардарки кон толку посакуваната Европска титула. Во овој избор се најдоа уште и Кристина Неагу (ЦСМ Букурешт) и голманката на ФТЦ, Сикора.

Линкот од видеото со најдобрите три ѕвезди на колото во ЛШ, можете да го погледнете, ТУКА.