Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Неполни 24 часа, до почетокот на натпреварот во Никозија
Неполни 24 часа, до почетокот на натпреварот во Никозија

Неполни 24 часа, до почетокот на натпреварот во Никозија

Останаа уште неполни 24 часа до почетокот на натпреварот од второто квалификациско коло во ЛШ, помеќу екипите на Апоел и Вардар. Иако првиот натпревар се игра на гостински терен полека се осеќа атмосферата која ја чуствуваат Вардаровите навивачи. Со нетрпение се очекува да започне мечот и да се бодрат момците пред малите екрани. Вардарци вчера попладне веќе стигнаа и одржаа тренинг од полесен карактер во вечерниот термин. Полека но сигурно се аклиматизираат на новата средина и топлите климатски услови. Целиот тим е сместен во хотелот “Хилтон“ каде ќе престојува се до завршување на натпреварот.

Денес екипата треба да одработи и два тренинга, од кои еден треба да биде на теренот каде утре вечер ќе се одигра натпреварот. Тоа е стадионот “ГСП“ каде ќе се води голема борба меѓу двата тима за подобар резултат, пред реваншот во Скопје. Важно е ние да останема смирени и трпеливо да ја градиме секоја наша акција. Вистински да ја искористуваме секоја прлика за постигнување на гол, која ќе ни се укаже. Нашиот шампион располага со квалитетна екипа, составена од квалитетни поединци кои можат да решат натпревар. Да не се подлегнува на провокации од публиката, кои и најверојатно ќе ги има. Туку сите мисли да бидат сконцентрирани на теренот, со цел да се победи Кипарскиот шампион.

Тренерот Андреев треба да одлучи со кој 11 ќе излезе во првиот состав за овој меч. На располагање има 22 фудбалери, кои се спремни во секој момент да одговорат на задачите на тренерот. Кај секој постои желба утре да заигра и да докаже колку вреди. Ние сите се надеваме дека пријатно ќе не изненадат и израдуваат со добар резултат. Потоа во реваншот се е полесно, пред полн стадион и со Комити на запад секој би можел да падне. Утрешниот меч ќе оди со директен пренос на МТВ.