На многу играчи кои минатата сезона беа дел од кадетите и младинците на Фк Вардар, клубот им даде исписница и веќе не се дел од Вардар. Новата сезона фудбалери родени 1997/98 ќе бидат споени во младинци, кој ќе ги предводи Љупчо Марковски-Калц.
Од играчите кои настапуваа за кадетите минатата сезона, нов клуб во новата натпреварувачка година ќе си бараат следниве имиња: Стефан Георгиев, Давид Стаменковиќ, Илас Цилафи, Давид Стојковски, Дамјан Велигденов, Бенјамин Салков, и Божидар Ангеловски.
Голем дел од момците кои го носеа дресот на младинците, не се веќе дел од оваа екипа. Христијан Митревски, Стефан Василевски, Екрем Мемеди, Игор Стојановски, Миомир Матиќ, Тони Мирчевски, Беким Реџепи, Мирза Дураковиќ, и Имрам Абази. Јане Стојанов и Зоран Недевски заедно со тренерот Петар Ѓоргиевски заминаа во екипата на Љубанци, која ќе биде дел од втората фудбалска лига. Можно е уште некое заминување од клубот на играчи, кои минатата сезона настапуваа за кадетите и младинците.
Фото:Тк Медиа