Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нашиот шампион го одржа последниот тренинг на “ГСП“ стадионот
Нашиот шампион го одржа последниот тренинг на “ГСП“ стадионот

Нашиот шампион го одржа последниот тренинг на “ГСП“ стадионот

Вардаровите фудбалери вчера вечерта го одржаа последниот тренинг пред натпреварот со Апоел. Тренингот се одржа на “ГСП“ стадионот, каде и вечерва ќе се одигра мечот. Момците имаа можност да го почуствуваат теренот на кој ќе му се спротистават на Кипарскиот првак. Се воигруваат последните тактики и полека се склопува составот кој ќе излезе на вечерашниот дуел.

Во целата екипа владее позитина атмосфера и одлично расположение. Сите гледаат оптимистички на вечерашниот меч со надеж дека ќе извлечат поволен резултат, пред реваншот во Скопје за седум дена. Останува денес добро да се одмориме и да ги собереме последните сили, пред овој важен натпревар. Мечот започнува вечерва со почеток од 19 часот, со директен пренос на МРТ-1.