Остана уште час и половина пред почетокот на првиот натпревар, во рамките на второто квалификациско коло, помеѓу екипите на Апоел и Вардар. Веќе се познати и составите на екипите кои ќе настапат на овој меч. Тренерот Сергеј Андреев се одлучи за следниве единаесетмина фудбалери кои ќе истрчаат на теренот:
ВАРДАР: Пачовски, Велковски, Грнчаров, Мијушковиќ, Попов, Хамбарѕумјан, Глигоров, Николов, Фелипе, Ивановски и Блажевски.
Андреев се реши за формација 3-5-2 која ја спроведуваше и на подготовките. Колку ќе даде резултат ваквата поставеност, ќе видиме на крајот. Натпреварот започнува од 19 часот со пренос на МРТ-1