Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ: Имав понуди од ПСЖ и други германски клубови, но го одбрав Рајн-Некар
Абутовиќ: Имав понуди од ПСЖ и други германски клубови, но го одбрав Рајн-Некар

Абутовиќ: Имав понуди од ПСЖ и други германски клубови, но го одбрав Рајн-Некар

Во текот на денешниот ден, столбот во одбраната на Вардар, Илија Абутовиќ официјално беше претставен во ново засилување на Рајн-Некар, од следната натпреварувачка сезона. Тој со шампионот на Германија потпиша договор до 2021 година. Иако имал понуди од многу клубови, меѓу кои и ПСЖ чиј тренер во новата сезона ќе биде Раул Гонзалес, сепак репрезентативецот на Србија се одлучил да настапува за Рајн-Некар. Илија вели дека тоа е клуб кој нуди одлични услови за работа и се надева дека со новата екипа ќе бележи успеси.

-Од првиот момент моја желба беше да бидам член на Рајн Некар Левен. Тоа е шампион на Германија, се уверив во одличните услови кои ги имаат, исто така сум чул се најдобро за луѓето кои го водат клубот и ќе ми биде чест да го носам дресот на еден таков клуб. Исто така се радува на соработката со тренерот Николај Јакобсен кој е еден од најдобрите тренери на светот, а сигурен сум дека следната сезона во Бундеслигата и Лигата на шампионите ќе ги постигнеме посакуваните резултати. Ќе имаме моќен тим, имав голема желба да се пробам во Бундеслигата и сето тоа е причина која ми помогна да се одлучам за Рајн Некар Левен, иако имав понуда од ПСЖ, ПИК Сегед, Кил, како и уште неколку други германски клубови, истакна Абутовиќ.