Парондо (38) е и актуелен помошник во машката сениорска репрезентација на Македонија и беше дел од стручниот штаб на последното ЕП во Хрватска. Претходно тој помагаше и во подготовката на машката младинска репрезентација на настапот на СП во Алжир каде стигнавме до Топ-8. Во моментов заедно со Ирина Дибирова седат на клупата на женската екипа на Вардар и се единствен тим во лигата на шампионите што е без пораз сезонава во елитното европско натпреварување.
Со назначувањето на Парондо за тренер продолжува низата од шпански стратези на клупата на „црвено-црните”. Тој е поранешен ракометар на Валјадолид, Адемар Леон, Сиудад Реал, а има настапувано и за ПИК Сегед и Будакалаш, два тима од Унгарија.
Со Адемар Леон го освои КПК во 2005, со ПИК Сегед го освои ЕХФ купот, а со Атлетико Мадрид го освои Супер Глоуб во 2012 година.
За репрезентацијата на Шпанија настапуваше на Медитеранските Игри во 2005 година (злато) и на СП во 2007 (7 место). Последен настап за репрезентацијата на големо натпреварување имаше на ЕП 2012 година во Србија каде Шпанците беа четвртопласирани