Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Вардар е мој дом, среќен сум и очекувам да бележам врвни резултати со тимот
Парондо: Вардар е мој дом, среќен сум и очекувам да бележам врвни резултати со тимот

Парондо: Вардар е мој дом, среќен сум и очекувам да бележам врвни резултати со тимот

Ракометниот клуб  Вардар  денес ги реши дилемите околу кормиларот за идната сезона, ние повторно на нашата клупа ќе имаме шпански стратег. Шпанецот Роберто Гарсија Парондо од следната сезона ќе биде нов тренер на Вардар, како наследник Раул Гонзалес. Тој за укажаната доверба и очекувањата од новиот предизивик вели:

 

Многу сум среќен што добивам шанса да бидам дел од европскиот првак Вардар. Верувам дека довербата  ќе може да ја оправдам преку резултатите. Да се биде дел од тим што зад себе има таква спортска традиција и постигнати одлични резултати се голем предизвик за мене.

ku

Вардар веќе го чувствувам како свој дом, тука сум речиси една сезона и условите што ни ги дава клубот ми даваат за право да се надевам за успешна соработка. Сега сум целосно посветен кон обврските во женската екипа на Вардар и сакам со успех да ја завршиме сезоната пред да ја преземам машката екипа.

И покрај ангажманот во женскиот тим доста сум запознаен и со работата на машкиот тим, и затоа очекувам брзо да се вклопат во таа приказна, и исто така и екипата да ме прифати мене и мојот начин на работа. Високите резултати секогаш ќе бидат наш приоритет, за клубот да остане онаму каде што е – во самиот европски врв-вели Роберто Гарсија Парондо.