Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар го пречекува шампионот Макпетрол во 8.коло од МКЛ
Куглање: Вардар го пречекува шампионот Макпетрол во 8.коло од МКЛ

Куглање: Вардар го пречекува шампионот Макпетрол во 8.коло од МКЛ

Викендов на програмата во Македонската кугларска лига е 8.коло, односно веќе треттото од пролетниот дел во првенството. Во ова коло нашиот кугларски црвено-црн колектив, Вардар има тешка задача, на вардарци им гостува шампионот КК Макпетрол, екипа која владеа со овој спорт деценија и пол наназад.

kugla

Натпреварот ќе се игра по претходен договор на тимовите во понеделник, 5-ти фебруари. Ние ќе бидеме домаќини во кугларницата “Вип“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Во овој дуел гостинот влегува од лидерската позиција со максимален ефект, ние сме второпласирани со досега освоени 10 бода во МКЛ. “Пумпашите“ се апсолутен фаворит на дуелот кој ќе се игра в понеделник. Ние во минатото коло по воведниот пораз дома од КК ГТЦ Мусандра одигравме одличен дуел во гости совладувајќи го тимот на КК Империал Тобако ТКС со максимални 0-8.

*Натпреварот со шампионот Макпетрол е закажан со почеток во 17-00 часот.