Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Богдан Велјановски: Ова е моја прва награда откако сум дел од академијата на Вардар и ми дава поттик да продолжам да тренирам и да станам дел од тимот на Вардар
Богдан Велјановски: Ова е моја прва награда откако сум дел од академијата на Вардар и ми дава поттик да продолжам да тренирам и да станам дел од тимот на Вардар

Богдан Велјановски: Ова е моја прва награда откако сум дел од академијата на Вардар и ми дава поттик да продолжам да тренирам и да станам дел од тимот на Вардар

Четврта последователна година, ракометниот клуб Вардар го организира најголемиот младински турнир “Вардар, еден живот, една љубов“, на кој настапуваат голем број на ракометни школи кои се дел од академијата на Вардар, во различни возрасни генерации, во машка и женска конкуренција. Веќе се познати освојувачите на медалите за оваа година, во машкиот дел и женскиот натпреварувачки дел. Освен медали и трофеи за најдобрите три екипи, се доделуваа и поединечни награди, односно се избираше идеалната седморка на турнирот.  Богдан Велјановски доби признание за најдобро пикер. Тој е дел од ракометната школа на Бисинов од Велес, со која освои второ место на турнирот, кај генерацијата родени 2006/07 година.Неговиот татко е најголемата поддршка во ракометот, спорт кој го привлекол откако на шест години бил да гледа ракометен натпревар.

-Мојот тако ме однесе на еден ракометен натпревар кога имав 6 години и од тогаш посакав да тренирам. Постепено го засакав овој спорт и решив да продолжам да тренирам. Откако започнав и сега сум во РК Бисинов.

vardarfans-bisinov

Во конкуренција на десет екипи на турнирот, ракометната школа Бисинов од Велес го освои второто место, откако во финалето беа поразени од екипата на Преспа од Ресен. Тоа беше единствениот нивни пораз на овој турнир.

-Со нетрпение го очекував започнувањето на турнирот “Еден живот една љубов”и имам само позитивни впечатоци. Искрено кажано очекував да бидеме прво место, но за жал го загубивме големото финале од екипата на Преспа, сепак и второто место е добар пласман. Премногу сум задоволен од моите соиграчи, како и од целата екипа на прикажата на целокупниот турнир. Во два дена одигравме шест натпревари и секој од нас даде свој придонес во освојувањето на сребрениот медал. Секако дека ова ќе ни биде само мотив поголем на наредниот турнир кој го организира Вардар да бидеме уште подобри и да го освоиме првото место. Ваквите турнири за нас се едно големо искуство, кога сме на почетокот во овој спорт, кои ни даваат патоказ како да се движиме понатаму. 

Ова е прва ваква награда за Богдан, кој со неговата школа е дел од академијата на Вардар и се надева дека еден ден ќе биде дел од младинските екипи на Вардар.

27067265_1996696997251497_2799438382108237235_n

-Не очекував награда, но откако го изговорија моето име за најдобар пикер на турнирот бев изненаден и пресреќен. Ова е моја прва награда откако сум во Ракометната Академија Вардар и ми дава поттик да продолжам да тренирам и да станам дел од тимот на Вардар.

Богдан се натпреварува и во “Јуниор“ лигата, а негов идол е капитенот на Вардар и член на репрезентацијата, Стојанче Стоилов.

27496482_1396711267106329_1579792263_n

-Во академијата учествувам од самиот почеток и секој ден сум на тренинг со мојата генерација, како и со повозрасната генерација родени 2004-2005 година. Тренизите ги одржуваме во повекето школски сали. Покрај тренерот Никола Бисинов, со нас е и тренерот Кире Лазаров. Мој идол е Стојанче Стоилов кој ми подари ракометарска топка кој ми е посебно драга кога гостуваа во Велес, после освојувањето на Шампионската титула.

Звонко Ивановски