Вардар со нерешен резултат ја започна 2018 година, откако вечерва гостуваа на екипата на Брест Мешков. На секогаш незгодниот терен, имавме можност да победиме, но и да загубиме. На крајот можеби овој резултат беше најреален, иако имаше судиски одлуки на штета на Вардар, посебно во последната минута од натпреварот кога се решаваше победникот. На прес-конференцијата пред медиумите се обрати тренерот на Вардар, Раул Гонзалез кој го изјави следното:
Знаевме дека нема да биде лесно во Брест. Иако искусни, сепак имавме проблеми во нападот и одбраната, како во првото така и во второто полувреме. Резултатот беше израмнет во најголем дел од натпреварот и мислам дека можеме да бидеме задоволни со освоениот бод. Ние сме во добра позиција и мора да продолжиме со овој ритам.
Дибиров беше наш најефикасен играч, успевајќи да постигне дури осум голови.
-Вечерва имаше неверојатна атмосфера на трибините. Според мое мислење добар натпревар, сакавме да одигра и подобро отколку што прикажавме денес на теренот. Противникот успеа да ја забави играта. Сметам дека нерешениот резултат е реален исход и сакам да му честитам на Брест Мешков за освоениот бод.