После паузата поради Европското првенство во Хрватска, ракометарите на Вардар се вратија на настапите во СЕХА-лигата. На премиерниот натпревар во 2018 година, црвено-црните одиграа со нерешен резултат во дуелот со екипата на Брест Мешков (25:25). Во најголем дел од мечот, домашниот тим имаше предност, но Вардар во последната минута беше поблиску до победата, кога имаше предност, а потоа и последен напад за победа.
Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар