Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По вчерашното слободно попладне, денес двојна тренинг програма за вардарци
По вчерашното слободно попладне, денес двојна тренинг програма за вардарци

По вчерашното слободно попладне, денес двојна тренинг програма за вардарци

Момците од ФК Вардар вчера имаа  слободно попладне, членовите на црвено-црната експедиција во Анталија го искористија слободното време и се  релаксираа со голф на терените на хотелскиот комплекс „Каја Палацо“ во Белек. Сепак одморот беше краток и повторно се враќаат на обврските од подготовките, веќе денеска повторно  играчите ќе  имаат два тренинга.

Денеска ќе се подготвуваме за  претпоследен натпревар на подготовките против Словачко од Чешка, дуел кој ќе се игра утре. По последната средба на која дојдовме до висока победа со 3-0 атмосферата е на високо ниво во црвено-црниот табор.