Вардар нема среќа со странските засилувања. Лукман Харуна денеска се повреди по само една минута на теренот против Дукла, утврдено е дека не се работи за повреда од полесен тип, па така Харуна нема да патува утре со тимот за Скопје.
Ова е трет играч кој дојде во Вардар и си замина, по Охеда и Марментини, дојде ред и на Харуна. Дали Вардар ќе бара ново странско засилување останува да видиме, во овој момент тимот има седум интернационалци што значи дека е слободно уште едно место во тимот.
Од друга страна сега и времето ги гази Вардарци бидејќи завршува за неколку денови трансфер периодот во нашата земја а и дуелите од ПМФЛ се ближат.