Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар против Будуќност: За израмнување на бројот на победи во меѓусебните дуели во ЛШ и за осигурување на првото место
ЖРК Вардар против Будуќност: За израмнување на бројот на победи во меѓусебните дуели во ЛШ и за осигурување на првото место

ЖРК Вардар против Будуќност: За израмнување на бројот на победи во меѓусебните дуели во ЛШ и за осигурување на првото место

Утре со почеток од 15:00 чсаот, Европскиот вицешампион е домаќин на екипата на Будуќност, во рамките на третото од главната рунда во Лигата на Шампионите.

Оваа сезона двете екипи одиграа веќе три меѓусебни дуели во рамките на регионалната лига и сите три им припаднаа на Вардар. На првиот регионален турнир одигран во Подгорица, црвено-црните славеа со резултат 22:24. Во рамките на вториот турнир одржан во Љубљана, нашите девојки славеа минимално со резултат 21:20 и последниот беше пред дваесетина дена, во рамките на третиот турнир одигран во Скопје, на кој Вардар го победи Будуќност и тоа убедливо со резултат 31:24. Што се однесува до нивните меѓесебни одиграни мечеви во Лигата на Шампионите, екипата од Подгорица има четири победи, три завршиле во корист на Вардар, додека еден меч завршил без победник, односно со нерешен резултат. После три сврзани последователни победи на Будуќност, првиот триумф над овој противник, Вардар го забележа пред две години и тоа пред својата публика. Од тој момент, црвено-црните полека се доближија до билансот на триумфи на црнагорките и во еден момент беа изедначени, што се однесува до бројот на добиени меѓусебни дуели.

Будуќност слично како и на Вардар од следната сезона ги намали амбициите, што се однесува до освојување на Шампионската титула. Заминуваа квалитетни ракометарки, како Мехмедовиќ, Булатовиќ, Цвијиќ и тимот повеќе не е конкурентен за првото место, иако секако не смее никогаш да се отпише овој млад состав, во кој има и неколку репрезентативки на Црна Гора. Токму тие, Раичевиќ и Јауковиќ се најдобри стрелци на екипата, во која има само четири интернационалки. Во првата групна фаза, Будуќност имаше „лош„ учинок од три победи на домашен терен и три порази на гостински терен. Тешко играат избраничките на Драган Аџиќ надвор од Морача, така беше и на нивниот последен гостински дуел во Будимпешта, каде беа високо поразени од ФТЦ во рамките на новоформираната група.

Несомнено Вардар е голем фаворит на утрешниот меч и по квалитетот и по играњето пред домашната публика. Тие се единствениот тим кој се уште нема пораз во Лигата на Шампионите ми се во серија од осум последователни победи. Се очекува серијата да продожи и утре, а со евентуален триуф веќе со една “нога“ ќе бидеме сигурни на првото место до крајот на главната рунда, што во четврфиналето ќе значи полесен противник. Билетите за овој меч се во продажба, по симболична цена од само 150 денари. Сите кои нема да бидат во можност да присуствуваат во живо, ќе можат натпреварот да го проследат преку директен пренос на МРТ-1.