По се изгледа тимот на Вардар заврши со овој преоден рок и со нови играчи. Малку неочекувано управата на Вардар ослободи двајца странци со цел да се ослободи место во тимот за нови двајца поквалитетни, но, на крајот излезе дека “црвено – црните” aнгажираа само еден, Битанг, а место остана за уште еден кој тешко дека ќе дојде во наредните два дена.
Значи, Вардар во овој зимски преоден рок донесе вкупно пет нови играчи, четворица од Македонија и само еден странец.
Во Вардар дојдоа: Филип Илиќ (голман), Кристијан Тошевски (одбрана), Јован Попзлатанов (средина), Матеј Цветаноски (средина) и Кларенс Битанг исто така (средина).
Од клубот си заминаа: Џигаури, Итало, Петковски, Николов, Муслиу, Демири и Пачовски кој ја заврши кариерата.