Генерациите на ФК Вардар, родени “2006“ и “2007“ година обезбедија пласман во четврфиналето на турнирот во Сандански, откако и во денешното трето коло ги совладаа своите притивници.
Вардаровата генерација “2006“ ја забележа и третата победа на турнирот “Пирин Куп“ во Бугарија. Избраниците на Сашо Јанев беа подобри токму од домашниот тим на Пирин, совладувајќи го со реултат од 2:0, резултат кој беше актуелен и на полувреме.
Натпревар на кој не му дадовме на противникот да помине средина и нормално немаше ниту еден директен шут на нашиот гол. Стрелец на погодоците за Вардар беше Алтин Алији. Двата гола ги даде со удар , еден надвор од 16 метри и вториот внатре. Покрај головите имавме уште неколку шанси, посебно преку активниот денес Коловски. Стефан Коловски продре по левата страна и сам отиде до гол, но ја погоди само стативата од противничкиот гол. Повторно Коловски имаше соло пробив, асистираше до Марко Николовски но повторно статива и повторно противникот се спаси уште еднаш да ја вади топката од својата межа. Стефан беше посебно активен денес по лева страна ,центрираше до Танчев, овој упати одличен удар со глава, но голманот со врвот на прстите исфрли во корнер.
Во вториот дел бележиме поништен гол на Танчев, заради офсајд и шанса на Олег Михајловски при што три пати едноподруго биеше, но голманот трипати одбрани. Инаку и во второ полувреме целосна доминација на црвено црните на теренот и на крај заслужена победа, која беше трета на турнирот. Вчера бевме подобри од екипата на ЦСКА Софија (2:0) и Добротол (4:0). Интересно и по денешниот натпревар мрежата на Андреј Данстак остана незатресена.
Трета победа на турнирот и за генерацијата “2007“ на Томче Трајановски и тоа убедливо во дуелот со екипата на ОФК Софија, изразена со реултат од 8:0. Одлична игра на нашите млади надежи, кои беа супериорни на овој дуел, за што говори и самиот конечен реултат. По првиот дел имавме водство од 3:0, а во вториот постигнавме уште повеќе голови. Стефан Младеновски кој е најдобар стрелец на оваа генерација на денешниот меч постигна хет-трик. Останатите пет гола ги постигнуваа различни играчи и тоа по еден за Никола Јовановски, Марко Киш, Милош Спасовски, Петар Мицевски и Борјан Томовски. На овој начин стигнавме и до третиот триумф во групната фаза, откако претходно ги совладавме Локомотив Софија (4:1) и Марек Дупница (4:0).
На овој начин и двете наши генерации со максимален број на освоени бодови, успеаа да обезбедат четврфиналето на овој силен турнир, кое на програмата е во текот на утрешниот ден. Претходно пласман во најдобрите осум екипи обезбедија и генерација “2008“ на Павел Неделковски, кои исто така имаат три победи.