Според изборот на реномираниот ракометен портал ‘Хандбал Планет“ , Амандин Лејно како најдобар голман и Јованка Радичевиќ како најдобро десно крило, се најдоа во идеалниот тим на светот за 2017 година. Во гласањето учествуваа новинари од 16 земји, како и фановите на овој портал, кои во голем број учествуваа во анкетата ( со повеќе од 80.000 гласови). Втора година по ред, Радичевиќ е најдобрата на својата позиција, додека Нора Морк е најдобриот играч за изминатата година. Интересно на позицијата лево крило е поранешната Вардарка, Камила Херем, која пола 2017 година ја одигра во дресот на Вардар.
Вака изгледа најдобриот тим на светот за 2017 година:
Лево крило – Камила Херем ( Сола)
Лев бек – Кристина Неагу (ЦСМ Букурешт)
Среден бек: Стине Офтедал ( Ѓер)
Десен бек – Нора Морк ( Ѓер)
Десно крило – Јованка Радичевиќ (Вардар)
Пикер – Вете Брох ( Ѓер)
Голман – Амандин Лејно ( Вардар)
Одбранбен играч – Едуарда Аморим (Ѓер)