Вардарци веќе се наоѓаат во Барселона, каде утре ги очекува натпревар од Лигата на Шампионите, токму против овој тим. Натпреварот ќе има посебно значење за Кањелас и Македа, кои нешто повеќе од десеттина години, односно во сезоната 2006/07 беа дел од екипата, против која утре ќе излезат на теренот и ќе се обидат да ја победат во дресот на Вардар.
Нешто повеќе од десет години, ние повторно сме тука. На истото место и повторно со Хорхе Македа. Секогаш е убаво, специјално и мотивирачки да се вратам во Палау. Ајде Вардар, напиша на својата официјална страна, играчот на Вардар, Кањелас.