Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Премовиќ: Не треба да се трошат зборови за Вардар – Брновиќ: Не очекува дуел со екипа која има најголеми амбиции во ЛШ
Премовиќ: Не треба да се трошат зборови за Вардар – Брновиќ: Не очекува дуел со екипа која има најголеми амбиции во ЛШ

Премовиќ: Не треба да се трошат зборови за Вардар – Брновиќ: Не очекува дуел со екипа која има најголеми амбиции во ЛШ

Вардарки против Будуќност ќе се обидат да ја продолжат победничката серија, која трае од почетокот на сезоната. Ова ќе биде вкупно деветто меѓусебно соочување на овие две екипи, противникот има четири победи, Вардар три, додека еден натпревар завршил со нерешен резултат. Кои се очекувањата на десното крило, Сања Премовиќ која имаше само комплименти за нашиот состав.

-Не треба да се трошат многу зборови за Вардар, се работи за една од подобрите екипи оваа сезона во Лигата на Шампионите. Во Скопје сакаме да уживаме во ракометот, да го искористиме секој напад и одбрана, како можност на напредуваме и да ја подобриме нашата игра на гостински терен. Доколку одиграме добро во одбраната, сигурно дека ќе можеме да им парираме, треба да одиграме што е можно подобро  дадеме максимум на теренот. Немаме многу искуство, но пред нас претстојат многу предизвици како млад тим. Се надевам дека ќе одиграме подобро од претходните мечеви на гости.

Пикерот на црнагорките, Татјана Брновиќ фаворитската улога му ја препуши на Вардар, но очекува нејзиниот тим да одигра најдобро што знае.

-Не очекува дуел со квалитетна екипа, која има најголеми амбиции во Лигата на Шампионите, така што одиме да одиграме без притисок, но храбро и најдобро што можеме, за да ја прикажеме својата најдобра игра. Нема специјална подготовка за овој натревар, туку сериозно како и на секој претходен меч. Се познаваме многу добро со Вардар и очекувам да се претставиме во најдобро издание против нив. Иако сме млада екипа, не ни е сатисфакција тоа што сме блиску до пласман во четвртфиналето, за да се опуштиме , туку напротив секој нареден натпревар ни е важен за понатамошен развој.