Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пасквал: Имаме голема почит кон Вардар, тие можат секого да победат
Пасквал: Имаме голема почит кон Вардар, тие можат секого да победат

Пасквал: Имаме голема почит кон Вардар, тие можат секого да победат

Дербито на колото во Лигата на Шампионите, ќе се одигра денес во “Палау Блауграна“, каде  Вардар ќе и гостува на Барселона. Црвено-црните се на првото место на табелата и се единствената екипа, која се уште нема пораз во најголемото натпреварување. Барса ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз на нашиот состав, додека евентуален триумф на црвено-црните ќе значи чекор поблиску до првото место. Во пресрет на денешниот дуел, противничкиот тренер, Чави Пасквал со свои видувања, потенцирајќи дека Вардар е Европски шампион, кој може секого да победи.

-Ќе излеземе со сите ракометари на кои може да сметаме. И покрај повредите ќе играме седум на седум, нема да ни недостасува никој. Се работи за важен натпревар, како и секој друг во ЛШ. По два месеци пауза треба да играме против европскиот првак, а ветуваме дека ќе го дадеме максимумот. Кога една екипа е шампион на Европа, тоа значи дека тоа го постигнала на терен, со добра игра и залагање. Сигурно трофејот не го добила како подарок. Имаме голема почит кон нив, тие можат да победат било кого, на било кој терен. Ќе ни треба поддршката од гледачите во „Палау“ за да успееме во нашата цел, истакна Пасквал.