Денес екипата на ФК Вардар генерација родени 2006 година се сретнаа со екипата на ФК Пирин Благоевград во четвртфиналето на силниот меѓународен “Пирин Куп“. Момците на Јанев Сашо со доминантна игра обезбедија полуфинале, тие го совладаа ривалот со “петарда“, 5-0 (2-0).
.
Целосна доминација на Вардарци во првото полувреме во кое направија неколку шанси, но на полувреме се отиде со само 2:0 иако имавме серија шанси за висока предност. Почнавме офанзивно од првата минута, натпреварот со гол за 1:0 го отворивме преку Дарко Сековски со прекрасен удар од далечина по асистенција на Марко Николовски. До крајот на првиот дел иако можевме да погодиме неколку пати погодивме само еднаш, за 2:0 стрелаше Алтин Алији повторно и овој гол беше по асистенција на Марко Николовски.
.
Вториот дел беше идентичен како и првиот, ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра. Денес одличниот, Марко Николовски на кој инаку денес му е роденден прими една прекрасна топка од Дарко Сековски и рутински го совлада голманот за 3-0. Тој покрај овој гол беше дел од постигнувањата и на првите два погодока и на одличен начин си го честиташе роденденот. Веќе се беше решено, прашање беше со колкава предност ќе победиме. За 4:0 стрела Алтин Алији со удар од далечина, а пак последниот гол за конечните 5:0 го постигна Александар Миовски по асистенција на Михаил Танчев кој му даде употреблива топка. Исто така вреди да обележи соло пробивот на Максим Митревски но неговиот удар заврши во стативата. Исто и во второто полувреме Вардар беше тимот кој доминираше на теренот.
.
Со оваа победа обезбедивме полуфинале на силниот турнир во Бугарија, тоа се игра денес попладне во 15:00 часот. Во истото играме против екипата на ФК Локомотив од Софија, Бугарија.