Прeтстојниов викенд гостин на ФК Вардар, е екипата на Пирин од Бугарија. Тие ќе одиграат пријателски натпревари со Вардаровите генерации, и тоа со двете пионерски екипи и со нашите младинци.
Утрово на теренот на Академијата, својот меч го одиграа генерациите родени “2001“ година на Вардар и Пирин, натпревар кој го добија нашите млади надежи со резулат од 3:0.
Тренерот Ѓорѓиевски го стартуваше мечот со следните 11-сетмина: Стојковски, Бојковски, Манасиевски, Трајановски, Хасановиќ, Илиевски, Игнатов, Ристовски, Рушити, Зендели, Курти.
Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Курти, кој се најде во добра позиција да постигне гол, доби топка беше побрз од противничкиот дефанзивец, шутираше но голманот на Пирин успешно одбрани и спречи негатива за својот тим. Врати гостинската екипа од Бугарија, кога еден од нивните играчи биеше, но брани нашиот млад чувар на мрежата, Стојковски кој настапува за генерација “2003“. Вардар имаше доминација и поголем дел од играта на теренот. Следен кој се обиде беше Дамјан Трајановски, кој шутира покрај голот. Исто така се закани и Ристовски, но резултатот се уште остана оној почетниот. Исто така Игнатов се најде во Прилика, но топката завршува во рацете на добро поставениот голман на Пирин. Се играа последните три минути од првото полувреме, кога конечно Вардар ја крунисува својата иницијатива и добра игра на теренот, а резултатот го отвори Давид Ристовски за предност од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.
Првиот обид во второто полувреме го имаше Марио Илиевски, кој со глава биеше покрај противничкиот гол. Нововлезениот Давид Астарџиев успева да постигне прекрасен гол и од некаде 30 метри да го матира противничкиот голман, зголемувајќи на 2:0. Гостинот од Бугарија имаше голема шанса да го намали резултатот, кога еден од нивните играчи се проби од десната страна, но ударот оди за малку покрај голот на Петковски, кој во вториот дел на голот го замени Стојковски. До крајот на мечот постигнуваме уште еден гол, дело на Ветон за конечен резултат од 3:0. Ветон постигнува гол на одбиена топка, откако претходно Курти се најде во ситуација за гол, но голманот одбрани, а на одбиена топка наиде Ветон, за негов прв гол на мечот, кој исто така влезе во игра во второто полувреме.
Тренерот Ѓорѓиевски им даде шанса за настап на сите играчи, кои му беа на располагање за овој дуел.