Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар “лош домаќин“ совладан максимално 18 Август, Стојановски повторно феноменален
Куглање: Вардар “лош домаќин“ совладан максимално 18 Август, Стојановски повторно феноменален
Влатко Стојановски

Куглање: Вардар “лош домаќин“ совладан максимално 18 Август, Стојановски повторно феноменален

Вчера се одигра дуел  во македонската кугларска лига  од  9.коло, во истото момците од КК Вардар беа  домаќини на  екипата на КК 18-ти Август 2016. На дуелот кој се одигра во  кугларницата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“- Скопје нашите момци доминираа и дојдоа до максимална победа над ривалот, момците на Драги Димитровски победија со резултат 8-0. Тие имаа дури 19,5 освоени сета наспроти само 4,5 на противникот. Вкупно соборивме 3348“дрва“ или дури 236 повеќе од противникот кој остана на 3112.

k

Прв пар кој настапи за нас беа Коста Ристевски (545, 352+193) и Геор Поп-Крстев (568, 365+203), двајцата беа на ниво и поведоа со 2-0 со што им ја олеснија работата на момците кои настапија по нив. Тренерот Димитровски се одлучи во вториот пар да настапи со најискусните свои играчи, ветераните на црвено-црните. Капитенот Миле Димковски (563, 369+194) и М.Згонц (530, 347+183) поентираа за нас, поведовме со 4-0 и речиси го отворивме патот кон победа во последниот пар.

М.Згонц(лево)-М.Димковски(десно)

М.Згонц(лево)-М.Димковски(десно)

Дарко Димитровски (551, 367+169) во дуел со Ристиќ успеа да го запише и петтиот поен за црвено-црниот тим. На последната патека настапи “препородениот“ оваа сезона Влатко Стојановски тој повторно беше феноменален на патеката. Влатко собори 591 (367+224) “дрва“ со што им го нанесе конечниот удар на ривалите.

Дарко Димитровски!

Дарко Димитровски!

Вардар по ова коло останува на делба на втората позиција со екипата на КК ГТЦ Мусаандра со 12 бода, шест помалку од лидерот Макпетрол. Идното коло го играме во Битола кај тимот на КК Хераклеа. Вчера сите момци одиграа феноменало, но особено се истакна Влатко Стојановски кој има најдобар скор на овој дуел, но и на целото 9.коло. Втора “ударна игла“ кај нас беше младиот. но квалитетен Поп-Крстев, а капитенот Димковски имаше сосема одлични 563 “дрва“ доволни за трет скор кај нас.

Поп-Крстев

Поп-Крстев