Има ли тим што ќе го победи ЖРК Вардар оваа сезона се поставува прашањето во ракометна Европа. Како играат Вардарки оваа сезона, ниту тимот на ЧСМ Букурешт нема да може да им се спротистави на патот до толку посакуваниот трофеј.
Ретко се случува во ракометот на средина на месец февруари еден тим да нема ниту еден пораз.. тоа засега им оди добро само на Вардарки кои сезонава играат феноменално, во континуитет бележат високи победи, а ракометарките велат дека ова не е максимумот од нив и дека Вардар сеуште напредува од натпревар во натпревар.
До крајот на оваа групна фаза ќе биде сензација доколку некој успее барем да извлече бод од “црвено – црните” девојки. Во следното коло кое е на програмата на 25.02, Вардарки гостувaат кај тимот на Мец за заверување на првата позиција на табелата. По тој дуел следуваат оние последни два против Битигхајм дома и против Будуќност нагости.