Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генерации “2003“ , “2004“ и “2005“ ќе учествуваат на турнирот “Пирин Куп“
Вардаровите генерации “2003“ , “2004“ и “2005“ ќе учествуваат на турнирот “Пирин Куп“

Вардаровите генерации “2003“ , “2004“ и “2005“ ќе учествуваат на турнирот “Пирин Куп“

Во периодот од 15-18-ти февруари, нови три генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе бидат дел од меѓународниот турнир “Пирин Куп“ во градот Сандански (Бугарија). Како што е познато, дел од истиов турнир пред неколку дена настапуваат и генерациите родени “2006“ година која освои прво место, потоа “2007“ која заврши како четвртопласирана и “2008“ која го освои второто место.

Сега на ред за докажување е на вардаровите генерации родени “2003“, “2004“ и “2005“ година. Веќе се познати групите и распоредот на одигрување натпревари за нашите екипи. Во сите генерации ќе се натпреваруваат по осум екипи, поделени во четири групи.

Генерацијата родени “2003“ која ја преводи Горан Петрески ќе се натпреварува во групата Б, заедно со екипите на ЦСКА Софија, Черно Море и Панасераикос. Во четврток во рамките на првото коло, црвено-црните се среќаваат со екипата на Панасераикос, додека во петок ќе одиграат два натпревари, најпрво против ЦСКА Софија, за групната фаза да ја заокружиме со дуел против Черно Море.

Генерацијата “2004“ под водство на Игор Кралевски е исто така дел од групата Б, во која се уште и екипите на Пири 2001 Благоевград, Витиша Софија и Претсис Монтана. Прв противник е Претсис Монтана, дуел кој ќе се одигра во четврток. Во петок на програмата се два натпревари. Во рамките на второто коло играме против Витиша Софија, за во последното трето коло силите да ги одмериме со Пирин 2001 Благоевград.

Генерацијата “2005“ на Ане Андовски е дел од групата Б, заедно со екипите Черноморец, Метал Перник и Витоша Софија. Во четврток, Вардар ќе одигра два натпревари, најпрво турнирот го отвараме против екипата на Черноморец, за во попладневните часови да го одиграме второто коло, против Метал Перник. Во петок играме против Витоша.

Во сабота ќе се одиграат полуфиналните и оние мечеви за пласман од 5-8 место, додека во недела се закажани финалните и мечевите за третото место на турнирот.