Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Целје, за продолжување на победничката серија во СЕХА-лигата
Вардар против Целје, за продолжување на победничката серија во СЕХА-лигата

Вардар против Целје, за продолжување на победничката серија во СЕХА-лигата

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 20:45 часот, екипата на РК Вардар е домаќин на Целје Пивоварна Лашко, во рамките на 13 коло од СЕХА-лигата.

Полека се ближи крајот на регуларниот дел во ова натпреварување, во кои и двете екипи имаат обезбедно пласман на завршниот турнир. Тоа посебно важи за нашиот шампион, кој убедливо е на првото место на табелата, со учинок од 12 победи и еден нерешен резултат. Целје се уште нема теоретски обезбедено пласман на Ф4, но е многу блиску со оглед дека има дури осум боодви повеќе од нивниот конкурент во Словенија, тоа е тимот на Горење Велење. Целје до пред овој меч има остварено осум победи, два нерешени резултати и три порази, а последниот беше на свој терен од екипата на ППД Загреб.

После поразите кои ги имаа двете екипи во Лигата на Шампионите, Вардар од Барселона и Целје од ПСЖ, сигурно дека ќе обидат на вечерашниот меч да се вратат на победите и двата тима. На првиот дуел одигран во Словенија, црвено-црните славеа триумф со резултат 28:31. Минатата сезона одигравме дури четири меча со овој противник, на кои забележавме исто толку победи, а две беа во ЛШ и две во СЕХА-лигата. Најголема опасност по нашиот гол на вечерашниот меч треба да доаѓа од десниот бек, Жига Млакар кој е всушност и најдобар стрелец на Целје во ова натпреварување. Втор ракометар по ефикасност е Тилен Кодрин, додека на третото место е Борут Машковчек. Првиот и третиот се репрезентативци на Словенија, кои беа дел од последното ЕП во Хрватска, а на голот го имаат и Урбан Лесјак кој оваа сезона брани во одлична форма.

Најверојатно на денешниот натпревар, Вардар ќе биде без услугите на Иван Чупиќ, додека останатите играчи му се на располагање, на тренерот Гонзалез. Овој натпревар ќе биде и добра подготовка, за наредниот меч во лигата на Шампионите, кoj го играме викендов против Пик Сегед. Билетите за вечерашниот натпревар се по цена од 50 денари, кој нема да биде во можност да биде во сала, директен пренос може да проследи на МРТ-1.