Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Стојановски лидер, Поп-Крстев и Димковски дел од топ-6 во 9.коло во кое пола идеален тим е црвено-црн
Куглање: Стојановски лидер, Поп-Крстев и Димковски дел од топ-6 во 9.коло во кое пола идеален тим е црвено-црн

Куглање: Стојановски лидер, Поп-Крстев и Димковски дел од топ-6 во 9.коло во кое пола идеален тим е црвено-црн

Во  дуелот  од македонската кугларска лига    (9.коло) момците од КК Вардар беа  домаќини на  екипата на КК 18-ти Август 2016. На средбата  која се одигра во  кугларницата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“- Скопје нашите момци доминираа и дојдоа до максимална победа над ривалот, момците на Драги Димитровски победија со резултат 8-0. Вардарци имаа  дури 19,5 освоени сета наспроти само 4,5 на противникот. Вкупно соборивме 3348“дрва“ или дури 236 повеќе од противникот кој впиша само 3112.

Влатко Стојановски

Влатко Стојановски

Сето тоа донесе бенефит кога е во прашање топ-6 листата на најдобри резултати за ова 9.коло, во истата половина од местата се за црвено-црните. Ние имаме лидер на истата тоа е  “препородениот“ оваа сезона Влатко Стојановски кој повторно беше феноменален на патеката. Влатко собори 591 (367+224) “дрва“ со што го зграби врвот на топ-6 листата.

Георг Поп-Крстев

Георг Поп-Крстев

Втора “ударна игла“ кај нас беше младиот, но квалитетен Поп-Крстев тој впиша 568 (365+203) “соборени дрва“, со нив тој ја зазема 4.та позиција. По лошиот настап во првото пролетно коло, од дуел во дуел Георг постојано има нагорна линија кога е во прашање формата.

Миле  Димковски

Миле Димковски

Вардаровиот  капитен Миле  Димковски имаше сосема одлични 563 (369+194) “дрва“ доволни за трет скор кај нас на дуелот со 18 Август. Тој со својот придонес кон победата најде место и во топ-6 листата каде ја зазема шесттата позиција. Капитенот игра константно, станува збор за искусен куглар чии придонес се очекува и во сабота в Битола каде секогаш игра на високо ниво.