Се враќаат возбудувањата во ПМФЛ и одма дерби пресметка, за нешто повеќе од еден час шампионот на Македонија ќе истрча на теренот во Тетово, ќе ги заборави сите проблеми и уште еднаш ќе докаже дека и оваа сезона е далеку најквалитетен тим во нашето првенство.
Овој дуел ќе биде и деби натпревар на новите засилувања во Вардар, секако тука главен акцент се става на Битанг кој доаѓа како големо засилување кој ќе треба да ја покрие “дупката” на Николов, тука е и Попзлатанов кој одигра одлично во Анталија, не треба да се заборави ниту Тошевски кој денеска се очекува да настапи од првата минута. Се на се, очекуваме машка и борбена игра на нашите играчи, па се надеваме дека на крајот ќе се радуваме сите на големи и значајни три бода во борба за титулата.
Можен состав: Гачевски, Глишиќ, Тошевски, Новак, Грнчаров, Глигоров, Марковиќ, Фелипе (Битанг), Попзлатанов, Блажевски и Барсегјан.
Напред Вардар!