Во дуелот од македонската кугларска лига (9.коло) момците од КК Вардар беа домаќини на екипата на КК 18-ти Август 2016. На средбата која се одигра во кугларницата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“- Скопје нашите момци доминираа и дојдоа до максимална победа над ривалот, момците на Драги Димитровски победија со резултат 8-0. Вардарци имаа дури 19,5 освоени сета наспроти само 4,5 на противникот. Вкупно соборивме 3348“дрва“ или дури 236 повеќе од противникот кој впиша само 3112.
Сето тоа донесе бенефит кога е во прашање топ-6 листата на најдобри резултати за ова 9.коло, во истата половина од местата се за црвено-црните. Ние имаме лидер на истата тоа е “препородениот“ оваа сезона Влатко Стојановски кој повторно беше феноменален на патеката. Влатко собори 591 (367+224) “дрва“ со што го зграби врвот на топ-6 листата.
Втора “ударна игла“ кај нас беше младиот, но квалитетен Поп-Крстев тој впиша 568 (365+203) “соборени дрва“, со нив тој ја зазема 4.та позиција. По лошиот настап во првото пролетно коло, од дуел во дуел Георг постојано има нагорна линија кога е во прашање формата.
Вардаровиот капитен Миле Димковски имаше сосема одлични 563 (369+194) “дрва“ доволни за трет скор кај нас на дуелот со 18 Август. Тој со својот придонес кон победата најде место и во топ-6 листата каде ја зазема шесттата позиција. Капитенот игра константно, станува збор за искусен куглар чии придонес се очекува и во сабота в Битола каде секогаш игра на високо ниво.