Екипата на Рк Вардар за следнава сезона го донесе сигурно најголемото засилување, во името на Хорхе Македа. Шпанецот доаѓа од екипата на Нант, каде во претходниве три сезони настапуваше за оваа екипа. ЕХФ реши да направи листа на десет најдобри трансфери кои се направија летово, меѓу нив е и преминувањето на Македа во Вардар. Со неговото доаѓање на позицијата десен бек ќе имаме двајца квалитетни играчи, кој заедно со младиот Душебаев ќе бидат ударната сила на таа страна. Македа подеднакво добро и стандардно игра во одбраната и во Шпанската репрезенатција и во Францускиот клуб каде претходно настапуваше. Да напоменеме дека покрај Македа, Вардар во своите редови ги донесе и Д. Манасков, Марсениќ, Деревен и Циндриќ. На листата на најдобро направени трансфери се наоѓаат уште:
10. Павел Атман( Ал-Ахли- Мешков Брест)
9. Хорхе Македа (Нант-Вардар)
8. Константин Игропуло ( Фуксе берлин-КИФ Колдинг)
7. Дарко Станиќ ( Рајн-Некар Ловен)
6. Мариус Јуркиевич ( Висла Плоцк- Киелце)
Останатите 5 трансфери, ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден.