Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Продадени се околу 22.000 билети за утрешниот натпревар
Продадени се околу 22.000 билети за утрешниот натпревар

Продадени се околу 22.000 билети за утрешниот натпревар

Според информациите до кои стигнавме, до сега се продадени околу 22.000 карти за утрешниот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Апоел. Прогнозите дека ќе ја наполниме арената “Филип Втори“ полека се остваруваат. Вардарци имаат одличен резултат остварен на првиот дуел во Кипар, кој заврши без победник 0:0. Еуфоријата нормално расте како се приближува почетокот на натпреварот. Карти ќе можат да се набават и денес и утре пред билетарите на стадионот,  кои се наоѓаат помеѓу јужната и источната трибина на стадионот, а работното време е од 12 до 20 часот во понеделник, и во вторник истите ќе работат од 10 до 20 часот. Цената е многу симболична, и чини само 100 денари.

Навивачката група Комити запад исто така максимално е подготвува за овој голем настан. Собирот ќе биде пред соборниот храм каде ќе се продаваат карти за западната трибина. Со секој купен билет ќе следува и нова маица од Комити. Ние полека ги одбројуваме последните часови на започнување на овој меч, кои сите го чекаат со големо нетрпение.