Денес напладне ФК Вардар ја имаше својата прес конференција пред настапот утре во Лигата на шампионите . На истата својте ставови за македонските медиуми пред реваншот со кипарскиот шампион АПОЕЛ ги изнесе шефот на стручниот штаб на црвено – црните Сергеј Андреев . Во неговата изјава пренесена од нашиот клубски сајт вели :
Знаевме дека ќе биде тешко во Никозија. Таму одбравме да се браниме, но во Скопје ќе смениме нешто друго. Не би сакал сега да го кажувам составот, и немојте да ме прашувате за него. Во секој случај ќе има одредени измени. Резултатот од првиот меч 0:0 е добар, но не и фантастичен. Не смееме да дозволиме да примиме гол во тој случај ќе ни требаат два гола. Затоа 0:0 е опасен резултат. После мечот во Никозија кажав дека и позитивен и негативен резултатот кој го остваривме. Меѓутоа од тој резултат сум задоволен, но не и од играта во Никозија. Ќе кажам дека секој тим игра онолку колку што противникот му дозволува. Нам толку ни дозволи противникот, односно не ни дозволи да играме поофанзивно. Се надевам дека ќе бидеме подобри утре. Слушам многу коментари дека ќе го минеме, но не би сакал предвреме да давам такви коментари. Ги следевме АПОЕЛ низ подготовките, и низ пријателските натпревари и знаевме дека нивните прекини се слаба страна, но токму од прекините тие направија три од четирите шанси на првиот натпревар. Знаеја дека ги следиме и уште од тогаш имав чувство дека нешто кријат од нас. Сега подобро се познаваме. Знам дека АПОЕЛ кога игра на гости е сосема друг тим.
За атмосферата и полниот стадион која ги очекува вардарци и подготвеноста на тимот за мечот рускиот стратег на кормилото на ФК Вардар изјавува :
Бевме на подготовки и подготвени сме да дадеме максимум во 90 минути. Не би сакал да има продолженија, ама ако дојде до тоа и за тоа сме подготвени. Пеналите ве молам да не ги споменувате. Очекуваме многу публика и секогаш е добро кога се игра пред толку публика. Точно е дека полн стадион носи и притисок, и би сакал да напоменам дека моите фудбалери се подготвени да го издржат тој притисок. Полн стадион треба да претставува мотив, ама не и притисок .