Во следново интервју ве запознаваме со Коста Бошковски, кој настапува за генерациите родени “2008“ и “2009“ година. Во есенскиот дел од сезоната успеа да постигне вкупно 23 голови и со своите погодоци имаше значајна улога во освојување на второто место, на турнирите во Нови Сад и во Сандански, на кои настапуваше неговата генерација родени “2008“ година.
1.Како ја добивте желбата за фудбал и зошто се одлучивте баш за овој спорт ?
-Уште од мали нозе пројавив желба за фудбал и за сите маалски игри поврзани со фудбал,а конкретно за друг спорт немав посебна желба, освен во рамки на игра со другарите.
2. На колку години беше вашиот прв тренинг, во која фудбалска школа и кој беше тренерот кој ве научи на почетоците во фудбалската игра ?
-Мојот прв тренинг беше на 5 години во една приватна фудбалска школа “Фамос”,а првиот тренер ми беше Марко Ѓорѓевич, а веќе двеипол години сум во ФК Вардар кај тренерот Павел Неделковски.
3. Минатата сезона која за вашата генерација беше дебитанска во детската лига успеавте да станете шампиони на Македонија. Дали Вардар ги имаше најдобрите играчи ?
-Вардар е нешто посебно, а за играчите тие секогаш ќе бидат најдобри бидејќи Вардар и има најдобрите учители односно тренери, од кои можеме многу да научиме и да имам чувство дека сум покрај најдобрите.
4. Коста вие сте задолжен за офанзивни задачи. На која позиција се гледаш најдобро на терен, каде би можел да дадеш најголем придонес ?
-Пред се благодарам на тренерот Павел Неделковски за дадената можност и минутажа за игра во нашата екипа генерација 2008, иако сум јас 2009 година роден. За позицијата каде се гледам за во иднина како играч во средината на теренот и се разбира како играч во напаѓачкиот дел каде би можел многу да придонесам.
5. Што претставува Вардар за вас и кој е првиот синоним кога ќе слушнете за овој клуб ?
-Вардар за мене значи нешто големо и е клуб за кого навивам и го сакам од срце.
6. Имавте можност да бидете дел од силни турнири, во Нови Сад и во Сандански. Какви се впечатоците и кој турнир беше посилен и поквалитетен ?
-Турнирите беа одлично организирани си поминавме убаво и плодно со сребрени медали. Од организациски аспект во Нови сад беше за нијанса поквалитетен и со посилни екипи.
7. Како ја видовте изминатата полусезона во детската лига ?
-Оваа полусезона сега за сега е одлична за нас,а за лигата давам оценка многу добра по квалитет.
8. Дали Коста има свој идол, кој сака да го види во живо, или пред малите екрани ?
-Мојот идол е Неимар и истиот сакам да го гледам во живо на терен.
9. Дали сметате дека и оваа сезона ќе го освоите трофејот во детската лига ?
-За нашата генерација може да се гарантира дека ќе ја одбрани титулата во детска лига.
Звонко Ивановски