Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најава на 8 коло во женската ЛШ, Вардар со победа против Мец го осигурува првото место во групата
Најава на 8 коло во женската ЛШ, Вардар со победа против Мец го осигурува првото место во групата

Најава на 8 коло во женската ЛШ, Вардар со победа против Мец го осигурува првото место во групата

Претстојниов викенд ќе продолжат натпреварите од главната рунда во женската Лига на Шампиони. Остануваат да се одиграат уште три кола, по што ќе бидат познати и четврфиналните двојки. После ова коло можат да бидат појасни работите, околу конечниот изглед на табелата во групата 2, во која се натпреварува и Вардар.

Во недела, вардарки гостуваат во Франција, на екипата на Мец и со триумф на овој дуел и теоретски ќе го осигураме првото место на табелата во нашата група. На првиот дуел одигран во Скопје, црвено-црните славеа победа со резултат од 29:23, но сите се сеќаваме на најголемиот пораз на нашиот шампион во најголемото натпреварување и тоа токму во салата, каде во недела ќе се одигра мечот. Минатата сезона, Мец успеа високо да го порази Вардар, со резултат од 42:28, што беше најголем пораз за црвено-црните во ЛШ. За Вардар кој е во серија од девет последователни победи и да загуби не е страшно, бидејќи ќе остане на првото место на табелаа во својата група, со оглед дека пред одигрување на ова коло има четири бодови предност пред Мец. Од друга страна пораз на противникот ќе значи до крајот борба за второто место со екипата на ФТЦ Будимпешта.

Реалните шанси на екипата на Будуќност да заврши на крајот на третото место во оваа група ќе бидат поголеми, доколку во сабота во салата “Морача“, шампионот на Црна Гора слави во дуелот со ФТЦ. Голем пораз доживеаа избраничките на Аџиќ на гостувањето во Унгарија, кога ФТЦ славеше со резулат 34:26. “Морача“ многу често знае да биде неосвоива тврдина за противниците, од тука и Будуќност ја гледа шансата да слави на овој дуел и да се израмни по бројот на освоени бодови со унгарките. Така во последните две кола би влегле во интересна завршница, околу конечниот пласман на табелата, пред се од 2-4 позиција. Доколку ФТЦ слави и дефинитивно, Будуќност ќе остане “закован“ на четвртата позиција, а вицешампионот на Унгарија ќе се обиде до крајот на главната рунда да го нападне второто мест на екипата на Мец.

“Аутсајдерите во оваа група, екипите на Битигхајм и Турингер во недела ќе одиграа меѓусебен натпревар. На првиот меч одигран во Турингер, славеше минимално домашниот тим, а истиве екипи се борат и за трофејот во националното првенство. Ова е последна шанса за двете екипи да се надеваат дека во последните две кола можат да направат “чудо“ и да се пласираа во следната елиминациска рунда. Ова пред се важи за Турингер, кој доколку слави во германското дерби, а Будуќност загуби на саботниот меч, тогаш разликата би била само два бода, а во следното претпоследно коло, токму Турингер е домаќин на црнагорките.

Како изгледа табелата, во пресрет на одигрување на ова коло:

1. Вардар  14

2. Мец  10

3. ФТЦ Будимпешта  8

4. Будуќност  6

5. Турингер  2

6. Битигхајм  2

Во рамките на групата 1, останува само нејасно прашањето кој ќе биде четвртиот патник од оваа група во 1/4. ЦСМ Букурешт, Ростов и Ѓер се сигурни на првите три позиции, додека за четвртото место голема битка водат, екипите на Никобинг, Крим Меркатор и Митјиланд. Една од последните три екипи, најверојатно ќе биде и противник на Вардар во четврфиналето.