Денеска на програмата е нова дерби пресметка на Вардар и Шкендија, овој пат во рамките на 1/4 финалето од Купот на Македонија.
Шампионот на Македонија на денешниот натпревар во Скопје ќе се обиде да победи со што поголема разлика, од друга страна тимот на Шкендија ќе се обиде да стигне до гол, за како што велат од нивниот табор многу полесна задачата потоа.
Едно е јасно, очекуваме уште еден интересен дуел нешто како оној во Тетово изминатата недела, кога имаше голем број на шанси пред двата гола. Очекуваме за разлика од натпреварот во Тетово, сега Вардар да ја има топката во свој посед и да створи повеќе шанси пред голот на екс голманот на “црвено – црните” Захов.
Дерби пресметката започнува во 14 часот, дојдете на стадион заедно да навиваме и да се радуваме на значајна победа на нашиот тим. Цените на билетите за јужната трибина се по цена од 100. денари.