Денес на тренинг центарот “Петар Милошевски“, контролен натпревар одиграа фудбалските репрезентации на Македонија и Босна и Херцеговина до 17 години.
Избраниците на Горан Станиќ имаа најголем дел од играта и неколку одлични шанси да триумфираат, но противничкиот чувар денес беше херој на својата селекција, кој на неколку наврати го спаси голот на БИХ. Одличен на нашиот гол беше и голманот на Вардар, Матеј Андов кој одбрани два зицер удари на гостите, додека во второто полувреме во игра влезе и Џемал Ибиши, кој се најде во шанса да постигне гол. Во првите 11-сетмина на мечот беа Андов и Митревски, додека Ибиши влезе во вториот дел, додека шанса од клупата не доби четвртиот играч од Вардар кој е дел од овие контролни мечеви, се работи за Александар Ѓурковски.
Во четврток овие две репрезентации на истиов терен ќе го одиграат вториот пријателски меч.