Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Од Вардар се бара во сите натпреварувања кои ги игра да оди на победа, така ќе биде и во купот каде сакаме да стигнеме што подалеку и да го освоиме
Јаневски: Од Вардар се бара во сите натпреварувања кои ги игра да оди на победа, така ќе биде и во купот каде сакаме да стигнеме што подалеку и да го освоиме

Јаневски: Од Вардар се бара во сите натпреварувања кои ги игра да оди на победа, така ќе биде и во купот каде сакаме да стигнеме што подалеку и да го освоиме

Утре со почеток од 14:00 часот на арената “Филип Втори, екипите на Вардар и Шкендија ќе го имаат првото соочување, во рамките на 1/4 од националниот куп. Истиве екипи пред една недела играа меѓусебно, во рамките на првото пролетно коло, кога натпреварот во Тетово заврши со нерешен резултат 1:1. Во пресрет на утрешниот меч, тренерот на Вардар, Чеде Јаневски за официјалниот сајт на клубот ги сподели своите очекувања.

-Пред нас се два натпревари против Шкендија во Купот, првиот меч го играме на домашен терен. Треба повторно да се надигруваме како што беше на стартот од пролетниот дел. Знаеме дека овие натпревари и дома и на гости се тешки за играње, затоа што имаме против себе ривал кој што е квалитетен. Ќе настојуваме да го добиеме овој прв меч пред реваншот. Ќе биде сосема поинаков натпревар од оној кој го игравме против Победа во неделата. Повторно ќе кажам, од Вардар се бара во сите натпреварувања кои ги игра да оди на победа, така ќе биде и во Купот на Македонија каде сакаме да стигнеме што подалеку, и да го освоиме Купот. Одиме чекор по чекор, знаеме дека ќе бидат два тешки меча, меѓутоа како што реков, ќе дадеме се од себе да поминеме во следната фаза, истакна Јаневски.