Ракометниот клуб Вардар доби уште едно големо признание за успесите и радоста која ни ја приреди во 2017 година. На една од најголемите манифестации во Македонија која се одржува секоја година “Златна Бубамара„ Вардар беше прогласен за „најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”. Додека нашите играчи се искачуваа на бината громогласен аплауз добија од публиката во салата „Борис Трајковски”, а хорот „Мирче Ацев„, Наум Петрески и Виолета Томовска ја пееја „Ој Вардаре”.
Капитенот Стојанче Стоилов ја подигна наградата и им порача на сите подржувачи: „И годинава сме на добар пат да освоиме титулата и даваме сѐ од себе да го повториме успехот. А ако и не успееме немојте да да се разочарувате, ние секогаш ќе играме со срце”.