Во сабота со почеток од 14 часот на арената “Филип Втори“ ќе се одигра градското фудбалско дерби, помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Фудбалската федерација на Македонија денес ги делегираше судиите за натпреварите од 21 коло во ПМФЛ. Александар Ставрев ќе биде главен судија на градското дерби.
Работнички се уште нема победа во пролетниот дел од сезоната, откако одигра само нерешено со Ренова и загуби против екипата на Пелистер. Вардар пак освои бод во Тетово и славеше во дуелот со Победа од Прилеп. Утрешниот противник се наоѓа на шесттото место на табелата, со дури 18 бодови помалку од Вардар.