Пионерите на РК Вардар се прва машка екипа од младите категории на црвено-црните кои ќе ја стартуваат пролетната полу-етапа во првенството. Тие задутре, недела, 25 февруари во 16.30 часот гостуваат кај Куманово, во спортската сала „Куманово”.
За избраниците на Андријана Будимир ова е дуел од осмото коло почнува пролетниот дел од пионерското првенството, во кое досега се убедливо најдобри во нивната група. На првата средба во Скопје со овој ривал, РК Куманово кој се играше во салата “Кале“ славевме победа со високи 27 – 8. Оваа екипа се натпреваруваат и во машката кадетска лига, каде исто така се на првата позиција во третата група со седум победи од исто толку одигранимечеви.Натпреварите од катеската лига стартуваат крајот на март.
Исто така овој викенд и пионерките на Вардар стартуваат со пролетниот дел од сезоната, нив ги очекува гостување кај Делчево. Овој дуел ќе го играме в недела (25 февруари) во 11 часот во салата во „Методија Митевски Брицо”. Првиот натпревар меѓу екипите го завршивме со победа од 24 – 15, што беше и прва победа на државното првенство на девојките на Вардар.