Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Велинов: Фаворитската улога на ваквите мечеви не ги гарантира бодовите
Велинов: Фаворитската улога на ваквите мечеви не ги гарантира бодовите

Велинов: Фаворитската улога на ваквите мечеви не ги гарантира бодовите

Тимот на Работнички го стартуваше шампионатот лошо па така играчите на Горан Станковски ќе сакаат да го поправат својот впечаток токму на дуелот утре против шампионот на Македонија.

Офанзивниот играч на Работнички, Стојанче Велинов вели дека неговиот тим има сили да го изненади и победи тимот на Вардар.

„Не го стартувавме најдобро пролетниот дел од првенството. Поразот од Пелистер се уште не боли, но веќе сме фокусирани максимално на дербито со Вардар. Верувам дека можеме да одиграме многу подобро од досегашните изданија и да го изненадиме Вардар. Фаворитската улога на ваквите мечеви не ги гарантира бодовите“, вели Стојанче Велинов.

Фото: fkrabotnicki