Бартош Лешчински и Марцин Пиечота од Полска се делегирани да ја делат правдата на неделниот дерби дуел на кој се среќаваат тимовите на Мец и Вардар.
Вардар во Франција оди по нова победа и заверување на првата позиција во својата група и директен пласман во 1/4 финалето.
Дуелот на овие две екипи се игра в недела од 15.00 часот.