Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски: Јас сум дете на Вардар и би сакал тука да ја завршам кариерата!
Блажевски: Јас сум дете на Вардар и би сакал тука да ја завршам кариерата!

Блажевски: Јас сум дете на Вардар и би сакал тука да ја завршам кариерата!

Дејан Блажевски влезе во клубот со 100. одиграни натпревари во дресот на ФК Вардар. Блажевски по повод овој јубилеј за клубскиот сајт на Вардар говореше за досегашниот престој во Вардар, каде би сакал да ја заврши својата кариера и слично.

„Благодарност до сите соиграчи, до тренерите кои ми беа во овој период Сергеј Андреев, Гоце Седлоски и сегашниот Чедомир Јаневски за довербата во овие неколку години колку што сум дел од Вардар и за одиграните јубилејни 100 натпревари. На секој натпревар го давам максимумот за екипата да стигне до посакуваната цел. Од Вардар секогаш се бараат победи, се бараат титули и успеси во Европа, а додека сум јас дел од екипата, имаше од сè по нешто. Клубот успеа да се запише во историјата“, рече Блажевски. 

„Во овие 100 натпревари имало многу добри моменти во дресот на Вардар. Три освоени шампионски титули кои што ќе ми останат во вечно сеќавање, но дефинитивно за мене најдобриот момент е пласманот на клубот во групната фаза од Лигата на Европа. Натпреварот со Фенербахче ќе го паметам вечно. Бев капитен на тој натпревар кој што беше најважниот во историјата на клубот. Победивме и поминавме понатаму, се пласиравме во Лигата на Европа, ја имав таа чест да се запишам во историјата на Вардар.“, вели Блажевски. 

16871-blazhevski-posle-stotkata-najsrekjen-moment-mi-beshe-plasmanot-vo-le„Среќен сум за тој гол, но жалам за испуштената шанса да освоиме барем бод од тоа гостување против силна екипа каква што е Зенит . Во секој случај тој ми е еден од подрагите голови во дресот на Вардар во изминатите 100 натпревари. Беше убав, со волеј удар од дваесетина метри и постигнат против екипа која е еден од фаворитите за освојување на Лигата на Европа.  Натпреварот се одигра и на прекрасен стадион во прекрасна атмосфера која ја имаше на гостувањето во Санкт Петербург“, изјави голгетерот на Вардар. 

„Имам договор уште шест месеци, би сакал да останам во клубот, меѓутоа сето тоа ќе зависи од самиот клуб. Јас сум дете на Вардар и би сакал тука да ја завршам кариерата. Покрај мене, од овој клуб потекнуваат и Грнчаров и Глигоров кон кои што треба да се има максимален респект за сето тоа што придонесуваат Вардар да се развива. Убава чест е да бидеш дете на овој клуб, и потоа да бидеш дел и од најголемиот успех на клубот во историјата кој го направивме во оваа сезона. Посакувам еден ден со Вардар да бидеме дел и во групната фаза од Лигата на шампионите, а исто така посакувам да го кренеме и пехарот од Купот на Македонија кој го немаме освоено 10 години“, заврши Блажевски.