Европскиот ракометен шампион веќе отпатува за Франција, каде во недела го очекува натпревар од Лигата на Шампионите против екипата на Нант. Вардар со победа или евентуално со нерешен резултат, на коло пред крајот ќе го осигура првото место на табелата, кое носи директен пласман во четвртфиналето на најголемото ракометно натпреварување. Избраниците на Гонзалес после одигрување на овој натпревар ќе немаат многу време за одмор, со оглед дека во вторник ги очекува натпревар од СЕХА-лигата, против екипата на ППД Загреб.
Со оглед на краткиот временски период помеѓу овие два натпревари, вардарци нема да се враќаат во Скопје и после мечот со Нант се очекува да полетаат за Хрватска, каде во вторник со почеток од 20:30 часот, силите ќе ги одмерат со екипата на Загреб. Во ова натпреварување го имаме заверено првото место и пласманот на завршниот турнир. До крајот на регулаларниот дел остануваат уште четири кола за одигрување.