Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ и во наредната сезона ќе игра ракомет
Пенезиќ и во наредната сезона ќе игра ракомет

Пенезиќ и во наредната сезона ќе игра ракомет

Ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ после заминувањето од клубот ќе продолжи да игра ракомет, барем на уште една сезона. Иако првичните најави беа дека ќе се пензионира на 33-годиншна возраст, сепак во последен момент се предомисли. Пенезиќ ја игра својата четврта сезона во дресот на Вардар и е најдобар стрелец на екипата во изминативе години. И моментално е најефикасна во црвено-црниот дрес, а се наоѓа и во ТОП-5 листата на најдобри стрелци во ЛШ, со 59 голови. Нејзиниот рекорд според бројот на најмногу голови во една сезона го држи токму настапувајќи за Вардар и тоа во првата сезона 2014/15 кога успеа да постигне дури 102 голови.

Најголеми шанси да заигра се споменува во првенството на Унгарија, иако Андреа вели дека за врзо време ќе се знае нејзиниот ноб клуб каде ќе игра од наредната сезона. Се надеваме дека оваа ќе ја заврши на најдобар можен начин и дека ќе стигне до Европската титула со Вардар.