Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Дарио Јовановски: Целта е да го повториме успехот од минатата сезона, тренерот Петрески ми отвори “врата“ за нов предизвик
Дарио Јовановски: Целта е да го повториме успехот од минатата сезона, тренерот Петрески ми отвори “врата“ за нов предизвик

Дарио Јовановски: Целта е да го повториме успехот од минатата сезона, тренерот Петрески ми отвори “врата“ за нов предизвик

Вардаровата генерација родени “2003“ година се есенски шампиони во регионалната – скопска лига. Екипата која ја предводи “Чунга Лунга“ на 13 одиграни натпревари имаше единаесет победи, еден нерешен резултат и само еден пораз. Нерешениот резултат беше против екипата на Работнички уште во првото коло, кога на домашен терен одигравме само 1:1, додека поразот е во дуел со директниот конкурент за титулата, екипата на Шкендија која излезе подобра во дуелот со нас и тоа на теренот на Академијата. Сепак екипата од Тетово има два порази во првиот круг од натпреварувањето и есенскиот дел го заврши на втората позиција на табелата. Еден од играчите кој често се наоѓа во првите 11 на тренерот Петрески е Дарио Јовановски, кој во овој дел од сезоната има постигнато четири голови. Во следново интервју со Дарио, можете да ги прочитате впечатоците од есенскиот дел на сезоната, за неговиот придонес во тимот, за работата со новиот тренер, како и турнирот во Сандански, на кој Вардар успеа да го освои првото место.

28381665_927250097442545_1951422379_n

-Како освојувачи на првото место во есенскиот дел од сезоната се чувствувам задоволно и гордо од нашиот тим. Иако имавме еден пораз на стартот од сезоната, тоа не поттикна на следните натпревари да дадеме се од себе и да го достигнеме најголемиот успех предводени од најдобриот тренер, Горан Петрески-“Чунга Лунга“.

- Горан Петрески е новото тренерско име, кај оваа генерација, кој полека но сигурно даде нов правец и новитети во играта на оваа надежна генерација, која како одминуваше есенскиот дел играше се подобро и поубедливо.

1722

-Кога станува збор за новиот тренер тој ми помогна да научам нови потези на теренот и ми отвори нови врати за успеси, а воедно и нов предизвик. Тој се покажа како еден од најдобрите тренери што сум ги имал. Многу сум благодарен за тоа што тој вложи труд и сакаше од мене да види како одам по патот на успехот, за еден ден да станам славен фудбалер.

Дарио знаеме да го видиме на различна позиција, во текот на есенскиот дел од сезоната. Тоа е тип на играч кој може да одговори на повеќе позиции, па од тука и често добива различни задачи од тренерот.

18056997_767391340095089_6521260296335116702_n

-Во секој тим треба да има по некој таков играч кој може да одговори на повеќе позиции. Тренерот таа одговорна задача ми ја довери на мене и ќе се трудам да ја оправдам таа доверба. Кога станува збор за позицијата во која најдобро се пронаоѓам, би рекол дека тоа е офанзивно крило и заден везен играч. Но сепак последниот збор во екипата го има тренерот, со оглед на тоа што во себе има акумулирано големо фудбалско знаење.

Голем успех направи Вардар на турнирот “Пирин Куп“, кој се одигра во Сандански. На шест натпревари имавме исто толку победи, а во големото финале бевме подобри од ЦСКА Софија.

28276396_2041322879485801_4150101407107614483_n

-Учеството на вакви турнири е од големо значење за нас затоа што можеме да ги истакнеме нашите квалитети и лично би сакал почесто да учествуваме на вакви турнири . Организацијата беше на солидно ниво. Што се однесува на утакмиците со ЦСКА – Софија за нас беше еден предизвик бидејки знаеме дека се едни од поквалитетните екипи во Р.Бугарија. За натпреварот во групи можа да кажам дека ја изигравме најдобрата утакмица на турнирот, кога го совладовме противникот со резултат 3:1, од кои стрелец на едниот гол бев токму јас. Но морам да напоменам дека на истата утакмица моравме да играме против судиите и нивното некоректно судење. Во финалето повторно за противник ги имавме нив , но овој пат влеговме уште помотивирани затоа што ова беше наше прво меѓународно финале. Разликата од првата утакмица е во тоа што и покрај одличната игра не успеавме да реализираме многу шанси и овој меч во регуларниот дел заврши со резултат 1:1 . По изведувањето на пеналите победата беше наша.

Вардар ја брани двојната круна освоена од минатата сезона со Томче Трајановски, а Дарио очекува дека истиот успех ќе се повтори и под водство на “Чунга Лунга“ како предводник од клупата.

- Очекувања за пролетниот дел  сезонаа се дека со многу труд, посветеност и напорна работа под водство на тренерот Горан Петрески ќе успееме да го повториме минатогодишниот успех со освојување на двојната круна.

Звонко Ивановски