Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дали вардарки ќе бидат првиот тим кои ќе го поразат Мец пред својата публика
Дали вардарки ќе бидат првиот тим кои ќе го поразат Мец пред својата публика

Дали вардарки ќе бидат првиот тим кои ќе го поразат Мец пред својата публика

По една недела пауза продолжуваат натпреварите во женската лига на шампиони, каде на програмата е осмото коло. Вардарки гостуваат во Франција на екипата на Мец и ќе се обидат да стигнат до својата десетта последователна победа во најголемото натпреварување.

Со триумф на денешното гостување, Вардар и теоретски ќе го обезбеди првото место во новоформираната група. Црвено-црните славеа на првиот меч одигран во Скопје, со резултат од 29:23. Екипата на Мец може да се пофали со податокот дека оваа сезона се уште нема доживеано пораз на домашен терен, што е мотив повеќе и предизвик за вардарки да слават на денешниот меч и да бидат првата екипа која им нанела пораз на французинките пред својата публика. Најдобри стрелци на екипата се репрезентативката на Словенија, Ана Грос која до ова коло има постигнато 47 голови и Деуна Заади која зад своето име запиша 41 гол. Одбраната која е една од најдобрите во ЛШ за екипата на Мец е главното “оружје“ во дуелот со нашиот шампион.  Минатата сезона, Мец успеа високо да го порази Вардар, со резултат од 42:28, што беше најголем пораз за црвено-црните во ЛШ.

Вардар е во поволна ситуација и со евентуален пораз ќе остане на првото место со најголеми шанси да заврши на оваа позиција и по одигрувањето на последните два натпревари. Победа за Мец ќе значи чекор поблиску до освојување на второто место, кое сега е “нападното“ од тимот на ФТЦ кој по триумфот против Будуќност се израмни со бројот на освоени бодови со Мец. Тренерскиот тандем, Парондо-Дибирова немаат проблеми околу составување на екипата и денес ќе ги имаат на располагање сите ракометарки. Натпреварот започнува од 15:00 часот, со директен пренос на МРТ-1.