Денес на теренот на Академијата, пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари со врсниците од Шкендија и на двата дуели славевме победи.
Помладите пионери продолжуваат со победи и на контролни натпревари, совладувајќи ја екипата на Шкендија и тоа убедливо со резултат од 3:0. Ново одлично издание за ибраниците на Сашо Тодоровски, кои доминираа на теренот и имаа најголем дел од играта на овој натпревар. По првото полувреме имавме предност од 1:0, откако резултатот го отвори стоперот, Мартин Величковиќ. Во вториот дел не пропуштивме ништо на случајноста, создадовме голем број на прилики кој противничкиот гол, од кои две ги претворивме во погодок. Најпрво на 2:0 резултатот го зголеми Азер Омерагиќ, за конечниот резултат од 3:0 да го постави Николај Тодоровски.
ФК Вардар: Величковски, Костовски, Величковиќ, Асани, Петејчук, Стојановски, Гугуљанов, Салиу, Хасани, Омерагиќ и Фазлиу.
Пионерите под водство на Петар Ѓорѓиевски играат се подобро и ова е нова победа на контролните мечеви за оваа генерација на Вардар. Претходно ги совладавме екипите на Пирин и Работнички. Денес ја надигравме и Шкендија, совладувајќи ја со резултат од 3:1. Вардар успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со погодокот на Ветон. Продолживме со офанзивната игра, што донесе и втор гол преку Марио Илиевски. До крајот на првиот дел, почесен гол постигна и гостинскиот тим од Тетово, намалувајќи на 2:1, што беше и резултат актуелен на полувреме. Во второто полувреме видовме само еден гол и тоа во противничката мрежа и тоа со својот втор гол на мечот, дело на Ветон.
ФК Вардар: Стојковски, Николов, Манасиевски, Бојковски, Зендели, Игнатов, Ветон, Илиевски, Рушити, Ристовски, Курти,